Ѓорческа со триумф го почна турнирот во Шпанија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го почна турнирот во Гецо, Шпанија со триумф против домашната тенисерка Кортез Лорка.

Ѓорческа уште во првиот сет покажа дека лесно ќе стигне до победата, откако со три брејка успеа да стигне до 6-1.

Во вториот сет, Ѓорческа повторно беше одлична, па со два брејка во вториот и четвртиот гем успеа да слави со 6-1.

Во следното коло македонската тенисерка ќе игра против Папа Михаил од Грција.