Ѓорческа ќе ја предводи Македонија на мечевите од Били Џин Кинг купот во Скопје

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе ја предводи женската репрезентација на Македонија на годинашниве мечеви од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што од понеделник до сабота (19-24.јуни) ќе се игра во Скопје на терените на ТК Југ.

Покрај Ѓорческа во составот на Македонија се и Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ива Данева и Ана Митевска.

Ѓорческа како 232. на ВТА листата е меѓу најдобрите пријавени тенисерки од 11. земји кои ќе настапат на турнирот во Скопје.

За натпреварувањето се пријавени 11 репрезентации, кои ќе бидат поделени во две групи (6 репрезентации и 5 репрезентации).

Извлекувањето на групите ќе се одржи во попладневните часови.