Ѓорческа ја оправда фаворитската улога и го освои турнирот во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го освои турнирот во сингл-конкуренција во Анталија, Турција, откако во финалето ја совлада Она Орпана со 2-1 во сетови, однсоно 6-4, 6-7 и 6-1.

Ѓорческа ја оправда фаворитската улога на турнирот во мечот, кој го почна многу добро и го освои првиот сет со 6-4, а во вториот Орпана се измори до максимум за да израмни на 1-1. Тоа најдобро се забележа во третиот, решавачки сет, кога Македонката беше премоќна за нејзината противничка.

Да потсетиме, Ѓорческа и минатата недела славеше на уште еден турнир во Анталија.