Ѓорческа загуби во полуфинале во сингл, но се враќа со титула од конкуренција на двојки

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го загуби полуфиналето во сингл-конкуренција во Анталија од Магдалена Пантуцкова со 0-2 во сетови, но затоа го освои трофејот во конкуренција на двојки заедно со Мариана Дражиќ.

Македонската тенисерка беше немоќна во сингл-конкуренција против чешката тенисерка, која го доби првиот сет со 6-1, а во вториот славеше со 6-2.

Во конкуренција на двојки, Ѓорческа и Дражиќ беа подобри со 2-1 во сетови, односно 7-5, 4-6 и 10-7 против Ева Веде и Стефани Џудит Вишер.