Ѓоковиќ збесна во мечот против Чилиќ, се развика на својот тим (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска го победи Марин Чилиќ со 2-0 во сетови во второто коло на АТП турнирот во Шангај, но во него имаше и ситуација кога Ѓоковиќ се налути на својот тим.

Се играше 10-тиот гем од вториот сет кога Чилиќ имаше две можности за брејк, но сепак не успеа да врзе два поени во низа кој можеа да му донесат потенцијален пресврт.

Во тие моменти Новак направи и двојна грешка по која ги загуби нервите и се развика на својот тим.