Тухел отпиша три ѕвезди на Англија, наводно бил во „војна“ со една од нив!

Селекторот на Англија, Томас Тухел го објави списокот со фудбалери за следните натпревари на „Гордиот Албион“, а тоа дополнително ги разгоре шпекулациите дека се скарал со една од ѕвездите.

Тухел го објави списокот за пријателскиот меч против Велс и квалификацискиот дуел со Летонија, а на него ги нема Фил Фоден, Џек Грилиш и Џуд Белингам.

Англиските медиуми шпекулираа дека Тухел не го повикал Белингам во репрезентацијата поради караница, но очигледно тоа не е вистина.

„Нема никакви проблеми меѓу мене и Белингам. Разговарав со него телефонски и сакаше да биде со нас. Но, Џуд неодамна се врати на теренот и за Реал сè уште нема одиграно 90 минути на еден натпревар и не е во ритам. Заслужува да биде во репрезентацијата, но ние мора да бидеме внимателни“, кажа Тухел.