Надал доби едно од најголемите признанија - стана почесен доктор на универзитет!

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал освои многу награди во текот на кариерата, а по неа доби уште едно големо признание од Шпанија.

Легендарниот тенисер беше прогласен за почесен доктор на Универзитетот во Саламанка, кој е еден од најстарите во Европа.

„Гордост и среќа. Голема чест е да се биде првиот спортист кој е прогласен за почесен доктор на овој универзитет, кој остави голема трага во Шпанија. Ви благодарам за сè. Овој ден ќе го паметам засекогаш“, кажа Надал.

Фото: Rafa Nadal