Ѓоковиќ во историски меч го доби Хрватот Чилиќ во Шангај! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласиаше во третото коло на Мастрсот во Шангај откако во два сета беше подобар од Хрватот, Марин Чилиќ со 7-6 и 6-4, а овој меч влезе и во историјата на Мастерс турнирите.

Првиот сет донесе изедначена игра, а Чилиќ при рзултат 5-5 имаше две шанси за брејк кој не ги искористи, па се одлучуваше во тај-брејк. Таму Ѓоковиќ подобро се снајде и со 7-2 поведе со 1-0.

Во вториот сет за Ѓоковиќ беше доволен еден брејк за да дојде до конечен триумф, Успеа српскиот тенисер да одбрани и две брејк топки при водство од 5-4.

За Ѓоковиќ и Чилиќ ова беше 22 меч, а Новак води со 20-2. Важно е да се каже и дека Ѓоковиќ и Чилиќ кои имаат по 37 и 38 години го одиграа „најстариот“ меч во историјата на Мастерс турнирите.

Следен противник на Новак ќе биде Германецот, Јаник Ханфман кој ее 159. тенисер на АТП листата.

Фото: EPA