Ѓоковиќ заигра оро на тераса пред фановите и направи вистинско шоу (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се забавува во Австралија, додека останатите тенисери и тенисерки се жалат поради карантинот.

Србинот најде начин како да си го поправи расположението, па тој заедно со фановите кои се собраа пред хотелот реши да заигра оро и да направи вистинско шоу.