Ѓоковиќ си „купи“ мир на врвот од АТП-листата најмалку до – ноември!
Србинот сега има 11.795 бодови и има убедлива предност пред второпласираниот Карлос Алкараз, односно има 3.260 бодови повеќе од младиот Шпанец и сигурно ќе биде на врвот најмалку до крајот на октомври. Новак во следниот период ги брани титулите од Тел Авив (250), Астана (500) и завршниот Мастерс во Торино (1.500 поени), како и финалето на Мастерсот во Париз (600).
Ѓоковиќ најави дека нема да игра на турнирот во Кина, што значи дека до крајот на годината сигурно ќе настапи на собирот во Париз, на завршниот Мастерс во Торино и во Дејвис купот. Постои можност да влезе во некој од „помалите“ турнири, но прашање е дали ќе процени дека му се потребни дополнителни натпревари за да влезе во форма. Доколку си го оствари планот, Србинот по осми пат ќе ја заврши годината на врвот на АТП-листата, но во исто време ќе ја пробие и границата од 400 недели како предводник на светските тенисери.
Алкараз, пак, во овој период нема да ги брани бодовите бидејќи лани отсуствуваше од турнирите поради повреда, па ќе можеше да проба во завршницата од сезоната да го престигне српскиот ас.