Ѓоковиќ се врати и веднаш направи „партал“

Некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска конечно успеа да запише победа, првпат по три месеци, откако на Австралијан опен беше подобар од Алберто Рамос-Вињолас.

Новак во првото коло во Монте Карло играше против квалификантот и сонародникот Душан Лајовиќ, кого во голем стил го совлада со 2-0, со загубен само еден гејм.

Уште на стартот можеше да се претпостави исходот. Ѓоковиќ веднаш направи брејк и брзо поведе со 3-0, а потоа до крајот на првиот сет уште двапати му го одземаше сервисот на својот противник. Првиот сет траеше само 23 минути, а Ѓоковиќ во него славеше со 6-0.

Лајовиќ првиот и единствениот гејм го освои на почетокот на вториот сет кога изедначи на 1-1, но потоа Новак ги освои наредните пет гејма и славеше со 6-1.

Новак денеска прикажа навистина добра игра, a можеби со оваа партија најав враќање во самиот врв во светскиот тенис. Дали е на добар пат ќе дознаеме во второто коло од овој турни, каде ќе се сретне со Борна Чориќ, кој игра во животна форма.