Ѓоковиќ се воодушеви: Белград со огномет го пречека шампионот (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ беше на прославата која ја организираше неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ по повод освојувањето на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ стигна во 22.30 часот во неговиот ресторан, каде што остана половина час, по што татко му ги викна гостите да излезат пред локалот за да сведочат на неверојатниот огномет.

Трубачите свиреа српски песни, а Ѓоковиќ остана воодушевен од сцената која траеше околу три минути.

Ѓоковиќ во Париз ја освои својата 19. гренслем-титула и сега само една го дели од неговите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.