Ѓоковиќ првпат загуби сет, па го збриша Хачанов за полуфинале на Ролан Гарос

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос, откако попладнево го победи рускиот тенисер Карен Хачанов со 4-6, 7-6, 6-2, 6-4 во четвртфиналната пресметка.

Ѓоковиќ првпат во Париз загуби сет и тоа првиот откако Хачанов го искористи најлошиот гем на Србинот во првиот сет за да направи брејк во петтиот гем и тој момент да биде клучен за Русинот да поведе, а потоа после егел втор сет во кој двајцата тенисери си ги освојуваа своите сервиси, Србинот во тајбрејк каде е најмоќен го збриша Хачанов со 7-0 за да израмни.

Сѐ потоа беше полесно за Ѓоковиќ, зашто во третиот на противникот му даде само два гема, а експресно на почеток направи еден брејк, а потоа со сигурен сервис во седмиот гем поведе со 5-2 со втор брејк и стекна пресност во мечот.

Во последниот четврти сет, Ѓоковиќ во третиот сет направи брејк, па пропушти шанса за втор брејк во седмиот, по што го загуби својот сервис за Хачанов да израмни, ама и експресно возврати со нов брејк за водство и потоа на својот сервис ја завери победата.

Со оваа победа популарниот Ноле има сигурно втор место на АТП поминувајќи го веќе елиминираниот Данил Медведев, а за финале ќе се бори против победникот од дуелот на Карлос Алкараз и Стефанос Циципас. За прво место на АТП на Ѓоковиќ му треба да го освои Ролан Гарос.