Ѓоковиќ повторно погоден во глава (ВИДЕО)

Откако минатата година доживеа повреда и мал потрес на мозокот на турнирот во Рим откако на главата му падна шише со вода од еден навивач, Новак Ѓоковиќ доживеал нешто слично пред дуелот против Хиџиката, во второто коло од Мастерсот во Мајами.

Последиците сега не беа толку тешки, но од снимките јасно се гледа дека српскиот ас е погоден со топка во главата, додека даваше автограми на фановите, за време на еден тренинг. Во желба да добие автограм од Ѓоковиќ, еден навивач  го испушти топчето и тоа заврши во главата на тенисерот.

 

 

Петтиот светски рекет само погледна во насока на навивачот кому му испадна топчето, а потоа се сврте и замина на клупата.