
Ѓоковиќ по дебаклот: Им се извинувам на сите кои мораа да го гледаат ова!
Ѓоковиќ на почетокот на прес-конференцијата им се извини на навивачите поради неговиот катастрофален настап.
„Се надевав дека ова нема да се случи, но веројатноста беше голема дека ќе одиграм вака. Ужасно чувство е да се игра вака и им се извинувам на сите кои мораа да го гледаат ова. Немам објаснување за мојата игра“, кажа Ѓоковиќ.
Србинот се очекува да настапи на мастерсите во Мадрид и Рим, каде што треба да ја подобри формата пред настапот на Ролан Гарос.
ФОТО: EPA PHOTO