Ѓоковиќ остана без финале на завршниот Мастерс: Зверев против Медведев за трофејот!

Најдобриот светски тенисер и рекордер по број на недели на првото место на АТП-листата, Новак Ѓоковиќ остана без финале на завршниот Мастерс во Торино, откако вечерва по повеќе од два ипол часа загуби од Александер Зверев со 6-7, 6-4, 3-6 во второто полуфинале, кој утре против Данил Медведев ќе се бори за трофејот.

Ѓоковиќ не успеа да стигне до завршниот меч и да се бори за нов трофеј во своето рекордно десето полуфинале на завршните Мастерси, а еден загубен свој сервис во четвртиот гем во клучниот трет сет реши сѐ. Имаше Србинот шанса да се врати со рибрејк на 2-4, па доби шанса со брејк топка во седмиот гем да го надомести загубеното, но не успеа, а Зверев откако го освои тој поен за водство од 5-2, си го освои и следниот свој сервис и тоа убедливо без загубен поен за конечна победа.

Ѓоковиќ во првиот сет во десетиот гем имаше шанса за брејк и да го освои првиот сет, но не ја искористи таа шанса, па спасуваше две брејк топки во следниот гем и на крај загуби во тајбрејкот со два загубени сервиси во петиот и осмиот поен за конечни 7-4 за Зверев и водство.

Во вториот сет, после егал мечот во кој двата тенисери си го освојуваа својот сервис до 4-4, следеше брејкот на Србинот, па дури од петтата сет топка на крај го завери освојувањето на сетот и израмнувањето во мечот, но потклекна во третиот сет и остана без финале.