Ѓоковиќ објасни зошто никогаш не може(л) да биде пријател со Надал и Федерер!

Најавата за интервјуто на Новак Ѓоковиќ за една од националните американски телевизии неочекувано крена голема прашина, откако најавата за разговорот прво беше објавена на интернет, а набрзо потоа беше избришана.

Дури откако се емитуваше ова гостување на најдобриот тенисер во историјата, се дозна причината за контроверзите е тоа, според медиумите од САД, е фактот што отворено говорел за односот со неговите најголеми ривали - Роџер Федерер и Рафаел Надал. Новак истакна дека има апсолутна почит кон двајцата, но дека никогаш не бил пријател со нив.

„Би сакал, навистина би сакал да бидам пријател со нив. Мислам, знам дека сигурно не се согласувавме толку добро надвор од теренот за време на нашите кариери. Ние не сме пријатели зашто е многу тешко како конкуренти да бидете блиски и да споделите некои работи како што се детали за нашиот личен живот. Затоа што тоа подоцна може да се искористи против вас“, започна Ѓоковиќ.

Тој никогаш не постигна блиски односи со своите ривали, за разлика од односот меѓу Надал и Федерер, кои дури и плачеа заедно кога Швајцарецот се пензионираше. Сепак, Србинот призна дека постојат некои чувства.

„Сепак, ја делиме сцената толку многу години и мислам дека таму има најголема можна почит. Барем од моја страна за нив. Затоа се надевам дека штом ќе се спуштат завесите, ќе бидеме пријатели. Ќе може да седнеме и да се присетиме на ривалитетот. Мислам дека тоа би било фантастично“, беше искрен српскиот тенисер.