
Ѓоковиќ нема да настапи во Шангај
Ѓоковиќ најверојатно ќе паузира до Мастерсот во Париз, односно месец ипол ќе биде надвор од тениските терени.
„Во Шангај во минатото добивав голема поддршка. Тој е еден од моите омилени турнири, се надевам дека во иднина повторно ќе заиграм во Кина“, кажа Ѓоковиќ.
Србинот неодамна го освои Ју-Ес Опен и така стигна до 24 гренслем-титули во кариерата.