Ѓоковиќ не можеше да ги задржи солзите: Тажно е ова што им се случи на Коби и ќерка му (ВИДЕО)

Еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ му одаде почит на Коби Брајант пред мечот со Милош Раониќ, кога се појави во тренерка на која беа иницијалите на прославениот кошаркар и броевите 8 и 24, кои Американецот ги носеше во текот на кариерата.

Џон Мекинро го дочека Ѓоковиќ токму со прашање за Коби, а Србинот се расплака.

„Не знам што да кажам, беше еден од најголемите спортисти во историјата. Ме инспирираше и мене и многу други. Имав среќа да одржуваме добар однос. Кога ми беше потребен совет, некоја поддршка, тој беше тука за мене. Беше мој ментор, мој приајтел, ми се скрши срцето поради ова што им се случи на него и ќерка му“, кажа Ѓоковиќ.