Ѓоковиќ: Ќе играм на Вимблдон само ако можам да се борам за пехарот!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна на Вимблдон, каде што имаше и тренинг, но сè уште не е познато дали ќе настапи на турнирот.

Ѓоковиќ кажа дека ќе заигра на третиот гренслем-турнир во сезоната само ако биде подготвен да се бори за пехарот.

„Не дојдов тука за да одиграм неколку меча. Ќе играм само ако можам да се борам за пехарот. Сакам да дадам максимум на теренот“, кажа Ѓоковиќ.