Ѓоковиќ ќе игра против Надал за трофејот во Рим

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим, откако го победи Диего Шварцман со 2-1 во сетови, односно 6-3, 6-7 и 6-3 по два ипол часа игра.

Двајцата тенисери одиграа одличен меч, а Ѓоковиќ беше изморен по вчерашниот тежок дуел против Хуан Мартин дел Потро.

Последната пречка за Ѓоковиќ ќе биде мечот против Рафаел Надал, кој претходно го совлада Стефанос Циципас, па ќе можат навивачите да уживаат во спектакл.