Ѓоковиќ како голем господин му честита на победникот во Индијан Велс (ФОТО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, пристигна во Мајами, каде што се подготвува за настап на претстојниот Мастерс, а во пресрет на турнирот на господски начин му честиташе на Џек Дрејпер за освоениот трофеј во Индијан Велс.

Србинот беше елиминиран уште на стартот на турнирот на западниот брег на САД, но и покрај тоа покажа спортски дух, споделувајќи фотографија од Дрејпер со трофејот и додавајќи емотикони од аплауз. Британецот, кој во финалето убедливо го совлада Холгер Руне со 2-0, се искачи во Топ 10 на светската ранг-листа, а неговиот успех привлече внимание, особено со оглед на тоа што се наближува Вимблдон каде што ќе игра пред фанатичната домашна публика.

Ѓоковиќ вечерва ќе го дознае својот прв противник во Мајами, каде што ќе се обиде да оствари подобар резултат на источниот брег на САД.