Ѓоковиќ испрати порака по масакрот во Цетиње (ФОТО)

Вчера во Цетиње се случи трагедија каква што не се памети во поновата историја на Црна Гора, откако беа убиени 11 луѓе, а шест беа повредени, по што порака до црногорскиот народ испрати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Монструм почнал да убива луѓе во Цетиње, по што бил и самиот ликвидиран, а поради тоа Ѓоковиќ на неговиот профил на Инстаграм објави фотографија со која искажа сочувство до Црна Гора.