Ѓоковиќ го „пецна“ Надал: Не се преправам како некој друг – затоа не ме сакаат!

Трофејот во Париз е 40. мастерс за Новак, а 97. трофеј во кариерата. Роџер Федерер се уште е пред него, има шест трофеи повеќе, додека Џими Конорс има вкупно 109. Србинот најави дека сака да ги стигне двајцата тенисер што се пред него, а инспирирација за тоа доби и од Рафаел Надал.

Шпанецот пред неколку недели изјави дека Ѓоковиќ би бил фрустриран доколку не освоил најмногу Грен слем титули. Со победата против Григор Димитров, тенисерот број еден во светот го замолкна Рафаел Надал, откако најави дека ќе се бори за сите рекорди што може да ги собори.

„Одам по сите можни рекорди, се што можам да соборам. Никогаш не сум имал проблем да го кажам тоа и веројатно затоа луѓето не ме сакаат. Не се преправав како некои, да кажам дека тоа не ми е целта, а потоа да се однесувам поинаку. Секогаш се трудев да бидам во склад со она во што верувам“, изјави Ѓоковиќ.

Надал се уште се опоравува од повредата, најави враќање во 2024 година, а на почетокот на октомври го потресе тенискиот свет со изјавата за Новак.

„Верувам дека во рамките на моите можности направив се што беше можно за работите да ми испаднат најдобро што може. На пример, верувам дека Новак го доживеа сето тоа многу поинтензивно од мене. За него мислам дека е фрустрирачки ако не успее во нашто што наумил“, изјави неодамна Рафа.