Бентакур ќе добие голема суспензија поради шега за Корејците
Фудбалерот на Тотнем кажа дека има дрес од Сон, односно најверојатно од братучед на Сон затоа што сите луѓе изгледале исто од Јужна Кореја.
Бентанкур веднаш му се извини на Сон и кажа дека само се шегува, но очигледно тоа не беше доволно за Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) која реши да почне истрага.
ФА ја разгледува опцијата да му изрече суспензија од седум натпревари на Бентанкур поради тоа што употребил расистички коментар.