Ѓоковиќ го одложи второто тестирање на коронавирус!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, го одложи вториот тест на коронавирус, односно истиот ќе го направи за осум дена - на 7 јули.

Ѓоковиќ ќе биде тестиран за 14 дена откако дозна дека е позитивен на Ковид-19.

Новак и неговата сопруга Јелена, која исто така е заразена, сè уште немаат никакви симптоми и се чувствуваат добро, па ги следат сите понатамошни препораки на лекарот и се во самоизолација.

Инаку, српскиот тенисер ја организираше Јадранската турнеја минатата недела, а кога се врати од Задар, беше потврдено дека се заразил со коронавирус.