Ѓоковиќ го надигра Ханфман и обезбеди четвртфинале во Женева
Мечот беше прекинат во првиот сет при водство од 5-3 против Ханфман поради дожд, но Ѓоковиќ набрзо се врати на теренот и го реши ривалот со 6-3.
Ѓоковиќ немаше добар почеток на вториот сет и Ханфман поведе со 3-0, но Србинот се разигра во продолжение и славеше со целосен пресврт (6-3).
Србинот во четвртфинале ќе се бори против победникот од мечот меѓу Грикспор и Шаповалов.