Ѓоковиќ го имаше првиот тренинг на терените на Вимблдон (ФОТО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ успешно се врати по операцијата на менискусот и веќе го одржа првиот тренинг на терените на Вимблдон.

Докторите прогнозираа дека Ѓоковиќ ќе биде подготвен само за Олимписките игри (ОИ) во Париз, но Србинот беше упорен и успеа порадно да се врати на теренот.

Ѓоковиќ тренира со полн интензитет и се надева дека ќе биде подготвен за почетокот на Вимблдон, кој е закажан за 1 јули.