Ѓоковиќ го чека тежок пат до титулата во Доха

Денеска беше одржана ждребката во Доха каде што српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби тежок пат до финалето на турнирот.

Српскиот тенисер ќе биде трет носител на турнирот, а во првата рунда ќе се соочи со Матео Беретини, додека во вториот опции се Штруф и Грикспор, а потоа во четвртфиналето би можел да игра против Дрејпер или Попирин.

Ѓоковиќ во полуфиналето би можел да се соочи со првиот носител на турнирот, Карлос Алкараз, а доколку биде подобар од него, тогаш за титула би играл најверојатно против Алекс Де Минор или Данил Медведев.