„Ѓоковиќ е опасен за Западот, затоа никој не го сака!“

Хрватскиот тренер Горан Иванишевиќ зборуваше за неговиот однос со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој пред неколку недели го освои трофејот на Австралијан опен.

Многумина го критикуваа Ѓоковиќ дека измислува повреди и така си игра со неговите противници, на што Иванишевиќ реагираше бурно.

„Кој измислува такво нешто? Човекот води со 2-0 во сетови и ќе измисли повреда за да го добие Тејлор Фриц? Кога некои други ќе го направат тоа, тогаш тоа е херојски чин“, вели Иванишевиќ.

Хрватот опиша дека Ѓоковиќ не го сакаат многу во западните земји и затоа често го критикуваат по медиумите.

„Западот не сака толку моќен човек, кој има армија навивачи и кој го кажува тоа што го мисли. Верува во своите ставови, опасен е за Западот. Војната почна пред Адрија купот, а потоа и несреќниот Ју-Ес опен, па лошото финале на Ролан Гарос, а сега се појави и оваа приказна за повредите“, објаснува тренерот на Ѓоковиќ.