„Ѓоковиќ е најдобар во свет, а јас ќе дадам сè од себе против него“

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-4 против Данил Медведев и се пласира во полуфинале на завршниот турнир во Торино, каде што ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Алкараз има голема почит кон следниот ривал и призна дека Ѓоковиќ е најдобар тенисер во светот.

„Тоа е еден од најтешките предизвици за секој тенисер. Против Новак во полуфинале на турнир кој го освојуваше шест пати. Новак е најдобар во свет. Изгуби само шест натпревари, а тоа значи дека е неверојатен. Ќе дадам сè од себе“, кажа Алкараз.