Ѓоковиќ без многу мака преку Изнер до четвртфиналето во Шангај

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во четвртфиналето на мастерс тенискиот турнир во Шангај откако денеска го совлада Џон Изнер. 

Србинот славеше против Американецот во два сета со 7-5 и 6-3. Помеѓу најдобрите осум негов следен противник ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Стефанос Циципас и Хуберт Хуркаш, што моментално е во тек.

Пласман во четвртфиналето обезбедија и Матео Беретини, кој беше подобар од Роберто Баутиса Агут со 7-6 и 6-4, потоа Фабио Фоњини и Данил Медведев. Денеска на програмата се уште три меча од осминафиналето.