Федерер ќе го пропушти Мајами и ќе загуби 1.000 поени

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер реши да не настапи на Мастерс турнирот во Мајами, па така ќе загуби 1.000 поени, кои ги заработи во 2019 година, откако во 2020 година не беше одржан турнирот.

Светските медиуми објавија дека Швајцарецот сакал да ја брани титулата во Мајами, но уште не се рехабилитираше по операцијата.

Федерер од октомври почна да тренира за да се врати во форма, но тоа не му успеа, па така сезонава не одигра ниту еден натпревар.

Швајцарецот, исто така, ќе ја загуби петтата позиција на АТП-листата затоа што пред него ќе биде Стефанос Циципас, а постои можност и Александар Зверев да го надмине Федерер.