Федерер ќе биде тренер на еден од најталентираните тенисери!?

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер наскоро би можел да се врати во спортот, но овој пат како тренер на данскиот тенисер Холгер Руне.

Руне во разговор со „Тенис 365“ даде коментар кој ги „разгоре“ шпекулациите за враќањето на Федерер во „белиот спорт“.

„Искрено, не ми треба уште еден тренер, но јас сум голем фан на Федерер, па дефинитивно би ми помогнал многу“, кажа Руне.

Руне досега работеше со Борис Бекер и други тренери, меѓутоа не се најде идеално решение.