Една од најголемите на сите времиња (ќе) го игра најважниот сет - за својот живот!

Поранешната повеќекратна гренслем-победничка и некогаш најдобра тенисерка на светот, Крис Еверт, синоќа објави дека ѝ претстои голема борба за сопствениот живот со оглед што ѝ е дијагностициран рак на јајниците.

Американката оваа информација ја сподели на социјалните мрежи, по што доби илјадници поради со поддршка и охрабрување во пресрет на најважниот сет во кариерата.

„Би сакала да ја споделам приказната за да им помогнам и на останатите. Туморот ми е откриен во рана фаза и ми претстои хемотерапија од поја очекувам позитивни резултати. Ви благодарам на сите што ме сакате и почитувате, бидејќи сега ми треба енергија да се фокусирам на сопственото лечење. Моите јавувања за ЕСПН за време на Австралија опен, кои со години се традиционални, годинава ќе ги правам од својот дом“, напиша тениската легенда.

Еверт дури 18 пати триумфираше на некој од четирите најголеми турнири во тенисот, од кои дури седум пати на „Ролан Гарос“.