Докторот кој го оперираше Ѓоковиќ соопшти лоши вести

Антоан Жеромет, докторот кој го оперираше Новак Ѓоковиќ, не е оптимист дека српскиот тенисер би можел да се врати многу брзо на теренот.

Иако операцијата помина без проблеми, Жеромет не верува дека Ѓоковиќ ќе биде подготвен за настап на Вимблдон, кој се игра од 1 до 14 јули.

„За 45 минути колку што поминавме со Ѓоковиќ, неговиот тим и докторот на Тенискиот сојуз на Франција, бев отворен за тоа дека сè зависи од реакцијата на неговото колено. Напредокот мора да се следи од ден во ден, но невозможно е да се предвиди состојбата во која ќе биде за неколку недели“, кажа докторот.

Ѓоковиќ најверојатно ќе се врати на теренот во Хамбург, каде што ќе се подготвува за настап на Олимписките игри.