Циципас е прв финалист на Мастерсот во Монте Карло

Гркиот тенисер Стефанос Циципас се избори за пласман во финале на Мастерсот во Монте Карло, и тоа полесно од очекуваното откако го реши Даниел Еванс со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-1.

Циципас прв успеа да направи брејк во четвртиот гем, кога ја искористи третата брејк топка во мечот (3-1), но потоа Еванс врати со иста мера и намали на 2-3. Сепак, Гркот беше фантастичен во продолжение од сетот и со нови два брејка го доби со 6-2.

Британскиот тенисер немаше сила во вториот сет за некаква сензација, па Циципас со два брејка на негов сервис го доби сетот со 6-1 и избори финале во Монте Карло.

Друштво на Циципас во финалето ќе му прави подобриот од мечот меѓу Рубљов и Руд.