Британски тенисер удри по Ѓоковиќ: Не се сите како Новак, тој не е во право!

Британскиот тенисер Даниел Еванс не се согласува со Новак Ѓоковиќ, кој кажа дека правилата на Ју-Ес опен се екстремни и дека не е во ред да се ограничи патување само со еден тренер.

Еванс му одговори на Србинот за неговата загриженост и му порача дека не е во право.

„Многу луѓе го чекаат турнирот, ограничувањето за патување со еден тренер не е ништо лошо. не се сите како Ѓоковиќ не патуваат сите со тренери и доктори, па затоа мислам дека не е во право“, кажа Еванс.

Британецот ги критикуваше и останатите тенисери, меѓу кои Федерер и Надал.

„Федерер и Надал може да им помогнат на послабо рангираните тенисери. Не се важни само парите, важно е и здравјето на тенисерите“, објаснува британскиот тенисер.