Бил заразен со коронавирусот и стигнал до полуфинале на „Австралија опен?!

Една од идните големи ѕвезди на светскиот тенис, Германецот Александар Зверев, се сомнева дека поголемиот дел од првиот годинешен гренслем-турнир „Австралија опен“ го играл заразен со коронавирусот.

Тој тоа го откри во обраќање во живо преку Инстаграм, потенцирајќи дека најверојатно вирусот што сега го сторира животот во речиси целиот свет го „собрал“ за време на настапот на турнир во Кина во декември минатата година.

„Мислам дека цел месец имав сува кашлица, но тогаш речиси никој и да не знаеше за короната во светот надвор од Кина, па никој не ни помисли дека сум заразен. Се случуваше да кашлам и по пет-шест часа без прекин, а неколку дена имав и повишена телесна температура. Но, за моја среќа, се мина во најдобар ред“, изјави 22-годишниот тенисер.

Зверев на гренслем-турнирот во Мелбурн дојде до полуфиналето, во кое загуби од Доминик Тием. Во моментов се наоѓа на седмото место на АТП-листата.