Азаренка застана во одбрана на Ѓоковиќ: Ние сме обични луѓе!

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се пласираше во полуфинале на Австралија опен, по што на прес-конференцијата зборуваше за Новак Ѓоковиќ.

Многумина го напаѓаат Ѓоковиќ дека лаже за повредата која го мачи веќе некое време, а Азаренка смета дека Србинот не мами никого.

„Ние сме обични луѓе кои минуваат низ многу работи. Понекогаш, не знам, постои неверојатна желба да се пишуваат приказни за злосторник и херој. Но, ние не сме ниту едното, ниту другото“, кажа Азаренка.