Американците го чекаа овој ден 22 години
Такво нешто не се случило на УС Опен цели 22 години иако она од 2002 се уште ќе остане недостижно за многу генерации. Тогаш сите четири финалисти во машка и женска конкуренција беа Американци, кај мажите Пит Сампрас го победи Андре Агаси со 3-1, додека кај дамите Серена Вилијамс беше подобра од својата сестра Венус со 2-0. Сега постои можност освојувачите на трофеите да бидат Американци што, исто така, е голем успех.
Во дуелите за титулата, Фриц ќе се сретне со Синер, а Пегула со Сабаленка. Тејлор Фриц има можност да стане прв американски тенисер со Гренд слем титула по Енди Родик во 2003 година.