„Алкараз заслужи да биде прв на АТП, но жално е тоа што Ѓоковиќ не игра на сите турнири“

Рускиот тенисер Данил Медведев загуби во финалето на Индијан Велс од Шпанецот Карлос Алкараз, по што кажа дека е разочаран затоа што не ја освоил титулата.

Медведев вели дека Алкараз заслужил да се врати на врвот на АТП-листата, но исто така посочи дека е жално тоа што Ѓоковиќ не добил дозвола за настап на турнирите во САД.

„Мислам дека Алкараз заслужи да биде прв на АТП-листата, но жално е тоа што Ѓоковиќ не може да игра на сите турнири. Сигурен сум дека турнирот ќе биде подобар со него. Да можеше да игра на сите турнири, мислам дека ситуацијата ќе беше поразлична“, кажа Медведев.