Алкараз ја предаде круната - изненадувачко финале во Индијан Велс

Наспроти очекуваното финале меѓу Карлос Алкараз и Данил Медведев, кое би било трето во низа, за титулата во Индијан Велс ќе се борат Холгер Руне од Данска и Џек Дрејпер од Велика Британија.

Руне ќе се бори за својата прва титула во Индијан Велс, а втора на Мастерс турнирите во кариерата. Тој го победи Медведев со 2-0 (7-5, 6-4) и освен тоа што си обезбеди финале, му направи услуга на Новак Ѓоковиќ кој се задржа на петтата позиција на АТП листата.

Уште поголемо изненадување режира Џек Дрејпер кој го совлада двојниот и актуелен шампион на турнирот Карлос Алкараз со 2-1 (6-1, 0-6, 6-4). За него тоа е прво Мастерс финале воопшто во кариерата, а ќе се бори за третата титула на АТП турнирите. 

Мечот за трофејот се игра вечерва од 22 часот, а во женска конкуренција, во финалето ќе играат Сабаленка од Украина и Андреева од Русија.