Алкараз го растури Руд и избори финале на мастерсот во Париз!

Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Мастерсот во Париз, откако во полуфиналето убедливо го совлада Каспер Руд со 2-0 во сетови (6-4, 6-4).

Алкараз искористи брејк-топка во седмиот гем и поведе со 4-3, по што беше сигурен на свој сервис за да стигне до 6-4 во првиот сет.

Руд добро се држеше против Алкараз до деветтиот гем, кога Шпанецот ја искористи втората брејк-топка и стигна до 6-4.

Шпанскиот тенисер за титулата во Париз ќе се бори против Американецот Бен Шелтон.

Фото: Facebook/Rolex Paris Masters