
Алкараз го надигра Руд за пласман во полуфинале во Пекинг
Руд направи брејк на стартот на натпреварот за водство од 3-0, но потоа Алкараз освои четири гема по ред, со два брејка, за водство од 4-3 кое го задржа до крајот на сетот (6-4).
Алкараз заигра уште подобро во вториот сет, каде што повторно направи два брејка, иако Норвежанецот даде поголем отпор (6-2).
Шпанецот во полуфинале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Григор Димитров и Јаник Синер.