Адвокатот на австралиската Влада побара притвор за Ѓоковиќ!

Втората рунда од сослушувањето на Новак Ѓоковиќ и неговиот случај пред Судот во Мелбурн почна денеска, по одлуката на министерот Алекс Хок да му ја укине визата на најдобриот тенисер во светот.

Адвокатите на двете страни ги кажаа своите аргументи пред судијата Ентони Кели, па конечната одлука се очекува во недела, но за тоа ќе решава Федералниот суд.

Меѓутоа, адвокатот на Владата на Австралија побара од судијата Кели да биде вратен притворот за Ѓоковиќ, кој во моментов е на слобода.

Ѓоковиќ претходно беше сместен во ужасен хотел со мигранти во валкани соби и лоша храна, а доколку се повтори тоа, тогаш Србинот нема да може да тренира пред евентуалниот настап на Австралијан опен.