Тинејџерка триумфираше во велеслалом во Крањска Гора

Алис Робинсон денеска триумфираше на трката во велеслалом во Крањска Гора. Оваа 18-годишна скијачка од Нов Зеланд ги изненади сите и стигна до втората победа во кариерата.

Робинсон славеше пред Петра Влхова, која заврши на второ место, додека третата позиција ја поделија Мети Хорват и Венди Холденер.

Во Светскиот куп и понатаму е Микаела Шифрин, која има 1.225 бодови, а зад неа е Федерика Брињоне со 1.112 бодови.