Страшен пад на скијачка во Австрија - со хеликоптер беше пренесена во болница!

Трката во спуст за скијачки во австриски Цаухензе беше прекината по тежок пад на Магдалена Егер, поради што мораше да интервенира и хеликоптер за да ја пренесе во болница.

Скијачката при брзина од 109 км/ч се удри во заштитната ограда, по што медицинските екипи веднаш интервенираа на терено, а набрзо беше повикан и хеилкоптер.

Егер е скијачка која оваа сезона блесна во Светскиот куп, а има и едно второ место во спуст, а љубителите на спортот ја паметат по одличните настапи во Сараево во 2019 година кога освои златни медали во велеслалом и слалом.

Фото: EPA