Шоканти вести: Еден од најдобрите скијачи има рак на тестиси!

Откако на двајца бундеслигашки фудбалери во изминативе два месеци им беше откриен рак на тестисите, со оваа болест се соочи и еден од најдобрите скијачи, Аксел Лунд Свиндал, поранешниот олимписки првак.

На 39-годишниот Свиндал му е дијагностициран рак на тестисите, но добра вест е што е откриен во рана фаза и дека прогнозите се поволни.

„Последните неколку недели беше тешко, можам да кажам недели, а не месеци, најмногу поради лекарската грижа, малку среќа и добрата одлука“, рече Свиндал.

Тој е двоен олимписки шампион во супер-џи во 2010 година во Ванкувер и во спуст во Пјонгчанг во 2018 година, а освои и пет светски титули, двапати беше најдобар во Светскиот куп (2007 и 2009), а има уште девет мали кристални глобуси од кои пет во спуст, два во супервелеслалом и по еден во велеслалом и комбинација.