Олимпиецот Јада бесен – добил само 10.000 денари за настап на ЗОИ во Пекинг!

Еден од тројцата претставници на Македонија на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг (4-20 февруари), Ставре Јада, денеска преку социјалните мрежи се пожали на односот на општина Крушево, градот каде што е роден, односно од сумата што му била доделена како помош за настап на претстојниот собир на најдобрите светски спортисти во зимските спортови.

Станува збор за крос-кантри скијач во нордиско трчање, за кого ова ќе биде второ олимписко учество и кој ја имаше честа да биде знаменосец на претходниот собир пред четири години во Пјонгчанг.

„Денеска од општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци, а пред еден месец, таа обезбеди финансиска помош и службено возило до БиХ за целосно новата биатлон-федерација. Сакам да поставам неколку прашања до општина Крушево и тоа дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот и зошто општината има двојни аршини при финансирање на спортистите? Но, и со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на ЗОИ во Пекинг“, напиша меѓу другото Јада на социјалните мрежи.

Јада во кинеската престолнина е настапи во спринтот на 1,4 километри и во маратонот на 50 километри.